ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (339) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со доаѓањето на бригадата за база во црквата со договор, разбирање меѓу бригадата и селскиот одбор за позадина од Марул на бригадата и беа достапни двете реки, Горник и Орев за вода на бригадата за лична хигиенска потреба, миење, перење итн. додека бригадата престојува во Марул. Исто така, за вода за пиење, го користеше кладенецот во Горник со јак извор во близината до базата. Останатите реки, Капинешка, Грамада и реките во Поповица, селото ги користеше за сите потреби.

За време пред пладнина на вториот ден од престојот на бригадата, коњот од Велјановци во боја црн, ги напуштил селските говеда во Веслец, слегол го бара кај гробо и поред црквата си оди за дома. Него го забележале војниците и пуштиле двајца војници по него. Тој си влегол в пондила. Баба Трајана го затворала. Тие и рекле, коњот нас ни треба, ќе го земиме. Се потстуркале со бабата, таа попуштила, ги дала коњот, самаро, уздата, оглавникот, го отерале кај базата, кај црквата, го ортомисале и постанал нивни.

Преку денот двата марулчани Јанкоски Ристе и Јованоски Јован Курела направиле средба преку селскиот одбор за позадина со командантот на бригадата Темелкоски Дончо. Марулчаните Ристе и Јован дале објаснение да за политичката тајна турнеја во месец декември  во 1922 година прилепскиот војвода од илинденското востание, тој навлезе во СХС без бугарска дозвола, ги посети нашите краеви и нашето село. Кај Велјаноски Ристе како секретар и благајник на избраната селска партија на ВМРО преку лопатичките браќа Божин и Ристе Шенгоски, беа донесени два магарешки товари 40 пушки берданки.

Пред големиот притисок од тогашните власти, пушките ги сокриме под покривот на црквата. Казната ја одлежаме по 42 месеци затвор без докази, очевидци, само со изроди нивни измеќари. Команданто повикува неколку војници, се качуват на покривот од црквата, ги сметнуват од скривалиштето долу 40 пушки берданки. Бригадата кога ја напуштила базата, ги понела со нив.

Откако била храната готова за ручек, чорбесто јадење со топол печен леб некои домаќинствата кои немале доволно свои луѓе за носење на храната преку одборот од позадина и работата била завршувана без застој. Храната била носена во базата кај црквата, војниците со своите порции доваѓале и си земале следовање, сувомесната прехрана од претходниот ден од Канатларци има резервна храна.

Селските пашити говеда и коњи преку денот паселе во местата Кладенците и Страната вечерта кога си иделе по Крушка кога наближиле за в село од свежата вечер им мирисале корупките од лубениците кај што камповала бригадата, отишле таму по корупки. Оттаму секој си ги забирале за дома. Ама војници одредени имало за избор за товарити коњи. Вечерта од кај црквата осум годишното дете Ристески Богоја Мурџески го забира нивниот коњ со темна црвеникава боја, товарито добитче. По него одат двајца војници од бригадата и го пратат каде детето ќе влези со коњот, влегуват и тие кај Мурџевци во дворот.

Средба и разговор прават со домаќинот Јованче по што се дојдени за коњот за да го земат, им требал за транспорт кога ќе се селат од базава. Јованче писмено не е школуван, додека усмено дипломат, адвокат. Јас ве разбирам вас, ова не е приватна свадба или крштевка, народна работа се прави државна, секој колку што можи да поможи. Јас го давам коњот комплет со самаро, оглавнико и уздата.

Во тоа време влегува во дворот Јованчејца Коприна, неговата сопруга. Еве Копра моја како ѓупка решетарка шета низ селото со своите другарки од АФЖ собира разни работи од капи, нараквици, чорапи, зимска облека за бригадава, доваѓа поладно време. Војниците го зема коњот комплетно и го ортомиса кај базата во Марул. Додека двајца други војници забележале еден сиво белузлав убав коњ, ги однесол во дворот Павлески кај Јоновци кај стражарницата војниците им кажале зошто се дојдени. Јован дедото рекол, нека се живи луѓето, коњот го даваме комплет со самар, водило и уздата. Војниците го зеле коњот, го однесле кај базата, го ортомисале кај другите двата, мурџескиот и велјаноскиот. На третиот ден од престојот на бригадата во базата после доручекот, им е даден слободен за хигиенско чистење, капење, перење, бричење итн. Селото спремило за ручек готвено, варена храна, секако и топол леб. Одборот за позадина ги организирал.

Како сигурна помош за носење и делење на храната, позајмувале услужни лица од бригадата. Покрај чорбестата храна, лебот имало и додаток јадење, бело биено сирење, бостан, грозје и ред други јадење.

Во вечерното време команданто на бригадата, Темелкоски Дончо кај базата направил средба со кметот во селото и одборот за позадина за Марул. Атанасоски Мице – кмет, Јованоски Тодор Бубуз Курела, Новачески Јован Гулабоски, Ристески Крсте Танески, Здравеска Илинка Атанасица, челник на АФЖ и Василоски Милан Борачо, курир за позадина.

На оваа средба команданто Дончо им кажал на наведените лица да добиле наредба од повисоки воени органи, наредниот ден ја напуштат базата во Марул преку Бонче, ќе одат во Дуње, Мариово.

Командантот Дончо многу бил задоволен од пречеко и односот од месното марулско население и во таа чест им дал благодарници. Исто така, и за хуманата работа од страна на АФЖ со прибирање разноврсна облека, чорапи, капи, нараквици и др.

Проценил командантот Дончо и рекол нека бида товарени сите работи храната, облеката и пушките на ови етри добици. Ако престани нешто од товарот – транспортот обезбедете екстра добиток, донесете го доБонче, ние Ќе го преземеме за понатака. Команданто на бригадата Дончо исто така во неговиот бележник за марулските војници кои ја напуштале бугарската војска и си иделе за дома во Марул и пошироко за нивна мобилизација во македонската војска и тие што ќе си дојдат да се пријават преку позадината за нов воен распоред во с. Дуње.

На четвртиот ден во утринското време, на 16 септември 1944г од престојот на Втората народно ослободителна ударна бригаде во Марул, спремна тргнала во поход, марш, без водачи.

Бригадата оделно растојание го земат правецот јужно од базата под Јолевци над Новачевци или Димитријовци, Илијовци, Богдановци, Стевановци преку реката Капинешка, го земат патчето ридно, кај Големите расје, влева во бонечкиот сињор, го изминуват с. Бонче и до вечерта стигнале во с. Дуње.

Продолжува    

Loading