30-ТИ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ИГРИ
Над 200 пензионери од Битола, Крушево, Демир Хисар и од Прилеп, градот домаќин учествуваа на регионалните триесетти спортски игри кои се одржаа на 4 јуни, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија и Здружението на пензионери од Прилеп (ЗП).
Со одбрани зборови, гостите на Могилата на непобедените ги поздрави претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски, посакувајќи им спортски успех во духот на доброто дружење на пензионерите од третиот регион. Пензионерските игри за отворени, ги прогласи претседателот на Собранието на СЗПМ, Добре Иванов.
Спортистите пензионери се натпреваруваа во 10 дисциплини, во женска и машка конкуренција. Погодуваа кошаркарски кошеви, фрлаа ѓуле, трчаа на 80 и 60 метри, скок од место во далечина, удирање на топка и погодување на мали фудбалски голчиња на терените на Паркот на револуцијат. Силите, пак во шах, табла, домино и пикадо ги одмерија во Клубот на ЗП Прилеп, а во стрелаштво во просториите на огранокот Рид 2.

























По завршувањето на натпреварите судиите на секоја дисциплина, под менторство на претседателот на Комисијата за спорт и рекреација на СЗПМ, Здравко Петковски ги прогласи најдобрите екипи и поеднечни натпреварувачи. На заедничката пензионерска средба, победата на најдобрите им ја честита и им посака успех на спортската олимпијада наесен, Славко Трајкоски, претседателот на ЗП Прилеп.
Со освоени 9 први места најдобри беа домаќините, 6 први места имаа битолчани, две пензионерите од Демир Хисар и едно освоено прво место за ресенските пензионери.
На најдобрите, дипломи им врачи Славица Јованова, претседателката на Комисијата за спорт при ЗП Прилеп. Регионалната пензионерска средба продолжи со заедничка музичка веселба и големо пензионерско оро.
ПРИЛЕПЧАНКИ ПРВИ ВО ПИКАДО, ДОМИНО И КОШАРКА
Екипата на пензионерките од Прилеп беше најдобра во пикадо, а во машка дисциплина, пензионерите од Битола. Во табла: Димче Цуцулески од ЗП Битола (мажи), а меѓу жените повторно најдобра беше прилепската пензионерка која години на ред ги победува противничките, Славица Јованова. Скок во место, Менде Силјаноски од Демир Хисар. Трчање на 80 метри, најбрз беше Мојсо Велевски од ЗП Битола, а на 60 метри жени, Вероника Евтинџиоска од ЗП Прилеп. Борис Ковески од ЗП Прилеп најдалеку го фрли ѓулето, а и во женска конкуренција најдобра беше Валентина Славеска. Во слободното фрлање на топка во кошаркарски кошеви, најдобра беше екипата на пензионери од ЗП Ресен, а екипата на пензионерките од Прилеп во оваа дисциплина најмногу пати ја фрлија топката во кошевите. Шах мажи – ЗП Прилеп, а во женска конкуренција, битолчанките покажаа најмногу знаење. Гаѓање со воздушна пушка – жени, екипата на ЗП Прилеп, а меѓу мажите – ЗП Битола. Домино: Стевка Тренкоска од Прилеп и Благоја Баглески од Демир Хисар.
![]()


