Со дилетанти може да има само дилетантска држава.
*
Правдината не се дочекува во чекална.
*
Во шума од институции може да се загуби секој закон.
*
Ако сме гости на овој свет треба да знаеме да почитуваме бонтон.
*
Тонеме секојдневно иако немаме море.
*
Специјалисти се сите со своето општо незнаење.
*
Во паралелен свет не може да се живее паралелно.
Д-р Хаџи-Васков
![]()


