Фудбал: Победа и Големо Коњари
Заврши Втората лига на Македонија (Брегалница Ш. – Победа 7:0, Тетекс – Големо Коњари 7:2), двата клуба од ОФС Прилеп се на дното од табелата и отпаѓаат во Третата лига. Сега е време е за средување, консолидација.Се очекува нешто крупно за Победа. Но, не излегуваа никакви информации од новите акционери, сопственици. Добро е да се знае што се случува со теренот, со стадионот, со условите за работа, со клубот, со раководството, тренерскиот и играчкиот кадар… Која варијанта е одбрана за иднината – најстариот клуб, казнетиот од ФИФА, сегашниов клуб, за кого се зборува дека е во долгови или новоформиран клуб, без долгови.
Преодниот рок е од 15 јуни до 9 септември.
![]()


