Успешен крај на Деспина

Ракомет

Претпоследното 27. коло од Првата женска лига на Македонија беше последно за прилепска Деспина, оти во последното 28. коло беше слободна. Крајот е успешен, бидејќи на гостувањето во Струга, Стружанка – Деспина 27:28. Стрелци за гостинскиот тим: Анастасија Јованоска 6, Мери Гичева и Маја Ристеска по 5, Мери Спиркоска 4, Евгенија Илиева 3, Весна Христоска и Ивана Конеска по 2, Матеа Христоска 1. Три дена претходно дома беше совладано Овче Поле СУ со 31:28. Затоа на табелата Деспина е 4. место со 26 бода, под скопските Атлетик со 46 и МРК Ѓорче Петров со 38, а Овче Поле СУ има 30..

Во Плејаутот од машката Супер лига уште две победи на Прилеп (дома 29:27 со Пролет, во Битола 28:24 со Е. Пелистер 2), така што освоено е 1.место со 40 бода, 9 повеќе од Е. Пелистер 2.

Loading