Прилеп беше домаќин на спортско-едукативниот проект Zero Waste– Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата кој за првпат се одржува во Македонија. Над 700 млади се забавуваа и уживаа во „Денот на спортот”.

Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација, Горан Кузманоски, заедно со Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика (Сиднеј 2000 година), Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво (Атланта 1996 година) и фудбалерите од СОУ „Ристе Ристески – Ричко” (учестуваа на Европско првенство во Бања Лука) го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.
Zero Waste е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Цоца Цола, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот.
![]()


