Во кампањата за органодарителството за спасување животи и солидарност се вклучи и Комисијата за здравство при прилепското здружение на пензионерите со предавање за хуманиот чин на медицинската сестра Емилија Блажеска. Членовите го осознаа значењето на органодарителството од социолошко и епидемиолошки аспект.
Најзначаен е хуманитарниот придонес за еден нов вид на продолжување на животот.
– Возраста не е меродавен фактор, туку квалитетот на даруваниот орган. Органи можат да даруваат организмите – луѓето, пациентите од кадаверичен орган (организам кој е во клиничка смрт) кај пациенти со тешки трауми, во кома и сл. Закон не е донесен и ова е една од целите за интензивирање на постапката за придобивките на оваа хумана здравствена акција – вели претседателот на Комисијата за здравство, доктор Жарко Митрески.
Дарувањето, односно примањето на орган може да му се случи секому. Затоа е добро јавноста да биде запознаена со овој начин на продолжување на животниот век на оние што имаат потреба од орган. Но, тоа, треба да се уреди, со Закон.
Планирано е и предавање од областа на неврологијата, за мозочните излив, зголемениот крвен притисок и др.
![]()


