ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (338) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За Канатларци, бригадата била водена преку Падарница, Гладница, Врба, Алдашица и Чешмите. На сред селото команданто Дончо направи средба и разговор со позадинецот за НОБ Џафероски Алија Ашлако. По еден краток одалечен разговор помеѓу двајцата Дончо и Алија, бригадата при вечерното време тргнала во поход во правец за с. Ерековци. Во вечерното време дошла бригадата во близината до мостот на реката Црна кај Тополчани и извршила напад на германската стража која го обезбедувала мосто.

Судирот бил страотен, возвратен судир кој траел подолго време. Бригадата после нападо на мосто се повлекла северно за во с. Шелеверци. Команданто Дончо ги прашал водачите Благоја и Димко дали го познават шелеверчанецот Тасе Кајкијо. Благоја одговорил дека прв пат слушнал за такво лице поради е премлад. Димко дал одговор, имал слушнато за него, селово е мало ќе ги пронајдиме. И за кратко време Тасе бил пронајден кој направил средба со команданто Дончо. После средбата со Тасе Кајкијо, бригадата заминала за с. Алинци, прилепско.

Кога наближиле до Алинци, команданто Дончо ги прашал водачите Благоја и Димко дали го познават Вишиноски Ристе. Командантот Дончо одговор добил од Димко да тој е наш сват и познато ни е каде живее. За кратко време Вишиноски Ристе дошол и направиле средба и разговор со команданто Дончо.

После разговорот со Вишиноски Ристе, бригадата зеде позиција северно од Алинци по брегот према Клекоперци и отвори рафален оган надолу под Алинци кај чешмата кај патот Прилеп – Битола за проба да не се има паркирано германска воена единица, нема.

Со мало затајување кога згрмеја со сите свои оружја, сето место се осветле, земјата се треси, германските гранати паѓале дури до марулското, до местото Превалец и Ушите. Околните села страв ги фати. Борбата траела до утринските саати во зората кога бригадата се повлече источно преку Комарчани и Каракамен без ниту еден ранет или убиен борец.

Во утринското време враќајќи се бригадата за во базата кај црквата во Марул од местото Каракамен беа забележани во местото Гладница, марулско четири запрежни коњски коли, си одеа надолу према Канатларци. Тие носеле храна за бригадата, ја растовариле кај базата кај црквата и си одеа за дома за Канатларци. Хуманитарките донеле во базата две коли со печен леб. Една кола со разни примесени пецива и една полна кола со месни производи односно овчки сушени пастрами.

Само што се вратиме од ноќната воена акција кај нас двајцата Благоја и Димко, дојде команданто на бригадата Темелкоски Дончо. Ни рече, вие сте слободни, одете си, после три дена да се приклучите кај бончаните, ќе дојдите во с. Дуње, таму ќе знајте во која воена единица ќе бидите.

Бригадата доби доручек од канатларските жители. После доручекот сета бригада доби дневен одмор. Кебакоски Павлев Милан, војник во бригадава од Кадино Село, прилепско роден во 1908 година од мајка Гулабоска Стеванова Кита од с. Марул доби дневна дозвола за да ги посети сите роднини и пријатели во Марул. Милан ја започна дневната посета, прошетка. Оди во родната куќа од мајка му кај Стевановци, ги посетува внучињата сирачиња од покојниот му брачед Најдо, Веселка, Цветко, Живко, нивната мајка Дуна сега Илица. Ги посетува Новачевци каде што е сместен штабо од бригадата. Гулабоски Новачев Димитрија му е вујко, со мајка му Кита се први брачеди од два родени браќа, Стеван и Новаче Гулабоски. Ги посети Велјановци, Ристе и Милан се трети братучеди по родот Гулабоски.

Милан продолжува со посета, ги посетува неговите другари од неговото детство во Марул и тоа Јанкоски Крсте, Јолески Божин, Мурџески Јованче, Павлески Ванчо, Колески Веле и Ќире Здравески, Атанас Чонески Петрески Ванѓел Бабјак, Танески Димко, Ордан, Тане и Василоски Милан Борачо другари од вежбата воена во 1939 во с. Булачани, скопско.

За времето на Информбирото, Милан Кебакоски е означен како државен непријател и е осуден на осум години затвор од 1948 до 1956 година, неговите родители Павле и Кита не дочека да го видат на слобода, си замина од овој свет, му оставија црна дамка на срцето што не ги виде живи кога си дојде од затворо. Марулци често пати во разговорите велеа, Милан е остави, излезе држава да брани, тие што седеја и пиеа кафе со Бугарите ги зазедоја местата од големите Македонци.

Одборо за позадина и АФЖ во Марул биле хумани према бригадата. Одборите и воопшто сите домаќинства донесле кај базата во црквата, две запрежни коли со по три плетени кошеви со грозје, исто така и повеќе коли со лубеници и дињи.

Десетина деца во возраст десет години и повеќе, отишле на посета кај војниците партизаните во оградата Јолеска каде кампувала бригадата за да ги видат, тие сигурно во смеа им рекле, донесете лубеници и дињи, ќе ве пишиме борци. Децава посетители се организирале од дома зеле оглавници и дисаѓи нашле селски магариња на чајрот каде паселе, му ги ставиле дисаѓите на голо и со водење на магарињата отишле во бостаните во местото Гладница да ги полнат дисагите со лубеници и дињи. Наишол селскиот чувар полјакот Јошески Петре Галабаро, а вие крадите лубеници на чичко Петре, не крадиме бевме кај партизаните, тие ни рекоја ако ни донесите лубеници и динчиња, ќе ве пишиме борци.

Петре полјакот виде со кого има работа, се поднасмејал и им рекол носете му во Марул има повеќе дињи и лубеници. Така на тој начин и малите деца ја потврдиле хуманоста према војската со носење лубеници. Марулци често пати овие деца ги вика мали партизанчиња. Децата биле следните: Анѓелески Алекса Кадичето, Василоски Петре, Јованоски Божидар Курелоски, Јовчески Трајко Велјаноски, Мојсоски Благоја Колески – Митрески, Богоја Мурџески, Павлески Мирко и Коле Петрески. Петрески Митре и Томе Бабјакоски, Ризоски Трајче Бошески, Ристески Богоја, Ќиро, Тоде Танески, Тошески Љубе Јолески. Децата товарите магарешки го донеле во кампо во оградата Јолеска. После ова децка акција магарињата биле пуштени на слобода да си одат, важна е нивната идеја и аплаузот од борците партизани. Не е важно колку лубеници донеле, важна е нивната пожртвуваност.   

Продолжува    

Loading