Пинг-понг
Екипата Младост 96 од Прилеп е финалист за Плејофот од Супер лигата на Македонија. Во полуфиналето, по поразот дома со 2:4 од Шампион ФА Штип, постигнати се две победи – во Штип со максимални 4:0 и дома со минимални 4:3. Гледачите во салата од ОУ “Кире Гаврилоски-Јане” беа сведоци на голема спортска драма на третиот меч, таканаречен “мајсторка”. Откако двете екипи добија по три партии и беше нерешено, одлучи седмата партија во двојки, на која домашната двојка (Ѓорѓе Борчиќ / Андреј Лашкоски) со 3:1 ја совлада гостинската (Драган Ѓорѓевиќ / Амелија Николов). За Младост 96 на сите три меча поединечни партии добија: Ѓорѓе Борчиќ 6, Андреј Лашкоски 2 и Ѓоко Јочкоски 1.
В недела е финалето, најверојатно кај Крива Паланка.
![]()


