Мартин – чудо од дете

Пинг-понг

Јавноста го знае, а тој има само 15 години. Тоа е прилепчанецот Мартин Ристески, најдобриот во Македонија во таа возрасна група. Државен првак е по освојувањето на 1. место во натпреварот во Пехчево, каде беа најдобрите осуммина. Таму финалето го доби 3:2 со Јован Пармачки од Берово, ривал претходно совладан и со 3:0. Сега претстои Балканско првенство во Албанија и Европско првенство во Португалија.

Инаку, Ристески играше за клубот Прилеп, а сега е член на Полиоспорт од Прилеп, како и на Студент од Скопје. Со 15 години е главен играч во Студент, клуб со кого избори влез во Супер лигата на Македонија.

Таткото на Мартин, Рубин Ристески, исто е успешен пингпонгар на Полиоспорт и Студент, а и меѓународен пингпонгарски судија.

Loading