Креативен мурал во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Кога младешката визија и креативната енергија ќе се спојат на едно место, да отстапи сивилото на секојдневието пред експлозија од бои. Во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е изработен мурал да го  краси  училишниот двор. Муралот е  изработен со многу труд, талент и посветеност од вредните ученици, под менторство на професорот Методи Исков.

 – Уметничкото дело е круна на шестмесечната активна работа во проектот “Педали и приказни”, реализиран во партнерство со Форумот за Авангардна Креативност и здружението Го Греен. Преку јазикот на уметноста и боите, учениците праќаат силна порака за урбаниот дух, велосипедската култура и заштитата на животната средина. Проектот официјално беше заокружен со промоцијата на муралот. Забавата  беше збогатена со диџеј- сет на учениците, како и со специјален настап на училишниот музички бенд со забава и незаборавно дружење.

Loading