Кај Воденички камења
Миле, Тале, Рубин, Иле, Петре и уште неколкумина од маалото, Воденички камења повторно го уредија разурнатото собиралиште, откако во повеќе наврати неодговони млади ја уништија бесетката. Жителите велат дека маалско собиралиште ќе го доуредат и ќе го направат место за размена на мислења, муабетења и други активности, дури и за културни настани.

Самоиницијативно, доброволно и со средства од своите џебови го уредија разрушеното катче. Возрасните, скоро сите пензионери , им покажаа на младите дека собиралиштето не е само за нив, туку за сите взорасти, ако примерно се користи. Планираат да го покријат просторот за да се користи и при дождливо време. За осветлување ќе купат сончеви светилки, а за безбедност и камери.
Очекуваат и во другите маала да се направат дури поубави маалски паркови.
![]()


