Годишна изложба на Ателје Артика

Изложба од 150 цртежи ќе биде отворена вечерва од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Се претставуваат младите од Ателјето Артика.

Ателјето реализира часови по цртање, сликање, графика и скулптура, наменети за деца, млади и возрасни со различни интереси и нивоа на искуство.

– Преку внимателно осмислен образовен процес, Ателје Артика ја поттикнува љубопитноста, како и креативното размислување и индивидуалниот уметнички развој на своите ученици. Се фокусира на стекнување на технички знаења, но и на охрабрување на личниот израз и создавање на уметнички дела со сопствена автентичност – велат ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков.

Loading