Антентичност и мир на езерото

Музеј на водаОхрид

На 14 километри од Охрид, кон Свети Наум, кај кампот Градиште, се наоѓа Музејот на вода, или како што популарно го викаат Заливот на коските. Локалитетот е реконструиран во 2008 година да се претстави животот на населението во овој дел од Македонија од преисторијата. Плод е на подводните археолошки истражувања на локалитетот Плоча Мичов Град, почнат уште од 1997 година. Во 2008 е реконструиран дел од населбата, која според податоците се простирала на околу 8500 м2. Била изградена на платформа на дрвени колци, забиени во дното на езерото. Со копното била поврзана со дрвен мост. Сега е автентично средена, опкружена со синилото на езерото.

Од патот, одозгора, видокот е фанатастичен. Никого не остава рамнодушен. Чувството внатре е како враќање илјадници години назад. Комплексот содржи пристапен објект со постојана изложба на откриените артефакти и кафе-бар, база за подводна археологија и развивање на подводен туризам, наколна населба со 24 реконструирани праисториски куќи на дрвена платформа над езерската вода, повеќе реконструирани полуотворени градби во рамките на кастелот (во вид на видиковци за одмор на посетителите). И другите содржини го збогатуваат амбиент на водите и брегот на Охридското Езеро. Се добива впечаток за егзистенцјата на наколните надводни живеалишта со специфична микросредина. Карактеристичен е праисторискиот период, од неолитното младо камено доба, енеолитот-бакарното доба, бронзеното и железното време. Во комплексот, погоре, е презентирана и тврдина, римски кастел од 3 век. “Стои” друго време од македонската историја и археологија.

Прошетката е доживување кое е нужно да се почувствива со сите сетила. Неповторлива е средната со историјата.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading