ЗАПОЧНУВА ОНЛАЈН ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”

Бесплатна објава

Онлајн продажбата на билетите за МТФ „Чернодрински“ започнува денес, 28 мај од 10 часот, а физичката- од 1 јуни.

Програмата на фестивалот

За 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни).
Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири билета по лице за претстава.

За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе работи од 10:00 – 14:00 и од 17:00 – 21:00 во периодот од 1 до 12 јуни.

За дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба, информираат од МТФ Војдан Чернодрински.

Loading