В четврток, 28 мај во кино салата ,,Мис Стон“,во 19 часот, ќе се одржи настан во чест на ликот и делото на Дарко ДАМЕСКИ, 55 години од Златната Арена.

Во 19ч е приемот на гостите, а во 19:30 е обраќањето на Престедателот на Ротари клубот, г-дин Орде Ѓоргијоски. Обраќање ќе има и раководителот на НТВ ,,Војдан Чернодрински“, г-дин Михајло Миленкоски, како и г-дин Симеон Мони Дамевски, театарски и филмски продуцент, син на Дарко Дамески.
Потоа е отварањето на изложбата и прикажувањет на омажот за Дарко Дамески, во изработка на Горан Марковски.
Читање на биографијата на Дарко Дамески и читање на интервјуто ,,Златото се вика Дарко Дамески’’, објавено на 4 септември 1971 година „Екран“ Автор: Васил Пујовски.
Проекција на филмот ,,Црно семе“, за која улога ја добил наградата Златна Арена во Пула.
Настанот е поддржан од Ротари Клубот од Прилеп.
Изложбата е во сопственост на НУ Театар Комедија-Скопје.
Идејата и иницијативата за изложбата е на г-дин Саша Шотаровски, сопственик на Бифе Тафталиџе.
Изработката на фотографиите е на г -дин Виктор Семенпеев, ,,Софија Принт’’ Скопје.
Плакатот и поканите се изработени од неговата внука г -ѓа Бојана Чаминска Тиноко.
![]()


