Во Штип на прослава

Бесплатна објава

Фудбал: Втора лига

В сабота  на последното, 30. коло, од Втората лига на Македонија е дуелот Брегалница – Победа во Штип. Прилепскиот тим е претпоследен на табелата и отпаѓа во подолниот ранг, Третата лига. Но, не е сеедно како ќе одигра на овој меч. Добро е да даде силен отпор и резултатот да биде со помалку примени голови, бидејќи штипскиот тим подготвува прослава на првото место. Претходно беше поразот дома од неготински Вардар со 3:5. Што се однесува до Големо Коњари, по поразот дома со 1:6 од Скопје, следи меч со Тетекс во Тетово.

Табела: Брегалница Ш. и Скопје 68, Шкендија А. 66, Охрид 65, Беласица 55, Осогово 53, Новаци 50, Детонит 49, Кожуф 42, Тетекс 39, Саса 36, Вардар Н. 22, Слога В. и Преспа 15, Победа 11, Г. Коњари 7.

Loading