Вековна нега на фолклорното наследство

Бесплатна објава

За викендов 52-ро издание на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”

Вечерва ќе има уште едно, 52-ро издание на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” на плоштадот Александрија, а утре програмата продолжува на Рудина во селото Долнени. Се очекуваат преку 250 изведувачи од сите краишта на Македонија. Ќе се доделат награди на најуспешните изведувачи од 7 до 77 години. Најдобриот гајдаџија ќе се закити со “Гајдата на Пеце”.

Манифестацијата ја негува фолклорната традиција, на гајдата, тапанот, кемането и изворната песна, наследено со векови и генерации.

Во спомен куќата во Долнени 10-тина млади следат работилница за изучување  на народниот мелос.

Loading