ПИВО Фестивал Прилеп 2026
Од 17 до 19 јули ќе се одржи најпопуларната манифестација Пиво Фестивал Прилеп. Ќе трае три дена незаборавното музичко и гастрономско уживување. Традиционално, како и пред две децении, ќе се случува викендот после Петровден. За трите вечери, дознаваме дека ќе има три музички света. Или по вкус, за различни возрасти и стилови од ѕвезди кои гарантираат спектакл.
Од понудата на пива, освен од Прилепската пиварница, горчлив вкус ќе понудат други домашни производители, и по една од Косово и Грција. А, за да се лизга голтката на ладниот пијалак подобро, за мезе на штандовите ќе ја има вкусната прилепска скара.
Локацијата ќе биде во центарот, на булеварот.
![]()


