Џудо
На Меѓународниот турнир “Скопје опен” за деца, помлади пионери и кадети учествуваа 230 џудисти од 26 клуба од 6 држави: Македонија, Албанија, Молдавија, Косово, Србија и Грција. Џудо клубот Сеишин од Прилеп настапи во сите возрасни категории и оствари одличен резултат – 12 медали: 8 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Прогласен е за најуспешен, севкупен победник. Златни медали освоија Дила Пупаловиќ, Теодора Илиоска (кадети), Елдина Пупаловиќ, Бисера Јовеска, Матеја Николоска (помлади пионери), Бисера Цветкоска, Иван Јошески, Стефани Ристеска (деца), со сребрени се Тамара Илиоска (кадет) и Христијан Бунески (дете), а со бронзени Владан Стрезоски и Марко Андрејевски (деца).
Тренерите Мартин Ристески и Киро Здравески беа највозрасн на турнирот.
![]()


