Промоција
На 26 мај во библиотеката ќе биде промовиран романот “Замокот на Ардељан” од Драгица Ристиќ Стојческа. Делото е граница меѓу видливото и невидливото, меѓу она што го паметиме и она што нé памети нас. Се преплетуваат љубовта кон мистеријата, фасцинацијата од мракот и верувањето дека секој човек носи сенки.
– Ликот е како огледало во темен ходник. Не покажува само лице, туку и сенка, копнеж и неизговорени прашања. Селена и Андреј не се само носители на судбина, туку се потсетник дека патот кон вистината е ретко прав и никогаш не е безболен. Сакам читачот да зачекори во Ардељановиот замок, бидејќи приказната го менува здивот – вели Ристиќ Стојческа Драгица.
![]()


