ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (337) – 3 ДЕЛ

Бесплатна објава

Фељтон: Томе Велјановски

По завршувањето на говорот на командантот Дончо се развила голема веселба на сред селото, помешано месното население, се пееле разни песни и се играле ора. Тогаш биле испеани повеќе партизански борбени песни како и песните Офицери браќа мили и Драганка. По завршувањето на говорот на командантот Дончо се договара со позадината за храна на војската и сместување на бригадата. Бригадата оди кај црквата и тремот од црквата го означуват база за бригадата. Во куќата од Новачевци – Димитријовци е сместен штабот на бригадата. Во куќата на Јанкоски Петре е сместена болницата со четири ранети борци од уличната борба против Германците во Прилеп од пред неколлку дена. Во кулата од Павлевци е одредена за стражарница и за одмор на стражарите.

Селскиот одбор за позадина, кметот, женскиот актив на жените АФЖ заедно протуѓеро од с. Марул зеле активно, ефикасно учество за храна кај сите 32 домаќинства во селото колку што броело Марул, тогаш храната била готова до времето ужина која била носена во базата кај црквата. Јанкоски Ристе оди со два магарешки товари со топол печен леб и една каца на неговиот грб со бело сирење кој гласно извикал, војско држава правиме, ние сме со вас. Јанкоски Ѓорче, татко му на Ристе 1859 – 1926, после Смилескиот конгрес во 1903 година од Ерековската корија ноќе тајно со коњот ги преносил делегатите над прилепско Лопатица, Толе Паша и Петре Ацев и ги предал на понатамошните преносувачи понатака за Мариово.

Велјаноски Ристе го товарил двете магариња со топол леб и пржена храна, оди заедно со синот 21 годишниот Благоја и комшиското дете 14 годишниот Стеваноски Живко Велјаноски деленица. Само што ја растовариле храната дошол Дончо и на Ристе и Живко му рекол, вие двата одете си, а ти момче Благоја остани, ќе нé носиш кај Милан Басилоски (борачи) и Димко Танески. Кога си отишол дома Ристе без синот Благоја дома настанало пискот, плачење поради на 13 мај 1944 синот Велјаноски Ѓорѓиј, 24 годишен загинал како бугарски војник кај с. Лабураќе од српските партизани, бабушничка околија, Стрез, Пирот. Од него ништо не е пронајдено.

После ручекот или ужината, бригадата се спрема за во поход. Водачот на бригадата командантот Дончо и Благоја одат напред, го зеле правецот под Колевци над Новачевци, Илијовци, Богдановци, Стевановци преку реката Капинешка. Благоја им ја покажал Милановата куќа, свикал команданто Дончо, Милане, Милане, се појавил татко му на Милан, одговорил од балконот, Милан моментално не е тука, почекајте го, на бостан е, ќе си дојди. Стојан одговор доби, немаме време. Продолжил команданто со прашање, каде живее Танески Димко.

Одговор добил од водачот Благоја, во ова куќа која е пред нас, на сто метра. Дончо команданто два пати се јавил, Димко по негов карактер со цигарата во устата, кој е, бујрум, има ракиче. Одговор, Димко добил какво ракиче, сега правиме држава кога ќе ја направиме, ќе пиеме ракија. Благоја водачот бил бос и го прашал команданто за да појди и земи обувки, на тоа добил одговор, ти си млад ќе издржиш, веројатно се плашел од бегства, дезертација, не го пуштил да си земи обувки. Сега заедно Благоја и Димко се водачи на бригадата за Канатларци.

Македонска народна песна од времето на НОБ (трагична)

ОФИЦЕРИ ЛЕЛЕ БРАЌА МИЛИ

Офицери леле браќа мили

пуштете ме, аман да си појдам

да си појдам, леле наше село

наше село, аман наша куќа.

Да си видам, леле мојто либе

мојто либе, аман бела Рада

бела Рада, леле болна лежи

болна лежи, аман три години.

Ми искина, леле три постели

три постели, аман копринени

ми искина, леле три перници

три перници, аман памбучеви.

Ко наближав, леле до селото

ѕвонарите, аман ми ѕвонеја

бела Рада, леле е носеја

е носеја, аман на носила.

Двесте ќе дадам, леле починете ја

триста ќе дадам, аман одскријте ја

 ко видов, леле што ќе видам

бела Рада, аман си умрела.

Руса коса, леле попадната

бело лице, аман потемнато

танки усти, леле подгорени

црни очи, аман затворени.

ДРАГАНКА

Драганка, бела црвена

Ранети борци лечеше

Крвави крпи переше.

Солзи од лице бришеше

борбени песни пееше

народот в бој го викаше.

Земете пушки патрони

душмано да го истераме

слобода за да добиеме.

Античко да се повратиме

татковина да си направиме

македонска наша држава.

Етникот да го поштоваме

културата да ја негуваме

душманите да ни завидат.

Со престојот на Втората македонска наородноослободителна бригада од 12 септември 1944 година во с. Марул партизаните ги пееле овие песни, бригадата заминала, песните останале како спомен. Со доваѓањето за учителка на Јованка Давкова од Битола во Марул 1944 – 1946, пенсиве ги внесла во програмата, се пееле како хор. Со доваѓањето на Квачкоска Менка за учителка во Марул во 1946 – 1949 песниве се пееле во хор. Со доваѓањето за учител од Прилеп во Марул 1949 – 1953 песниве се пееја во хор.

Продолжува    

Loading