Клубот на литературни творци – Прилеп, утре во киното Мис Стон ќе ја одржи традиционалната поетска манифестација “Мајски поетски средби”, која со години претставува белег во литературниот живот во државата.
– Ќе се соберат поетите, писателите, литературните творци и љубителите на пишан збор од повеќе градови. Настанот е препознатлив оти се афирмира македонското литературно творештво, се поттикнува културната соработка меѓу клубовите и се презентираат нови автори и современи поетски вредности. Се организира поетско читање, средби со автори, културно-уметничка програма и се доделуват благодарници и признанија. Поезијата праќа пораки за љубовта кон татковината, семејството, човековите вредности. Манифестацијата е мост на пријателство и духовно поврзување меѓу творците – вели Весна Шереметкоска, претседател на Клубот на литературни творци.
![]()


