Денот на пожарникарите
Пожарникарите презентираа противпожарната опремата преку показна вежба во центарот на градот, одбележувајќи го 20-ти мај, Денот на македонските пожарникари. Граѓани и ученици одблиску се запознаа со возилата, опремата и гледаа како пожарникарите спасуваат човек, настрадан во сообраќајна несреќа.
– Благодет е да се помага на луѓето. Најголем предизвик е да спаси човечки живот. Инаку, ова е опасна професија која бара внимателност, знаење и брзо дејствување, бидејќи секоја секунда е значања да се спаси имотот или човекот, едновремено внимавајќи на сопствениот живот – вели Виктор Стојчески, командирот на ТППЕ – Прилеп.
Градоначалникот, Дејан Проданоски, потенцира дека градот прави напори и кадровски, и технички да им овозможи поефикасно функционирање на пожарникарите. Тој им оддаде признание за посветеноста и професионалноста на пожарникарите.
– Тие се луѓе кои интервенираат каде другите се повлекуваат. Реагираат во најтешките моменти. Остануваат смирени и подготвени да помогнат. Прилеп има служба на која граѓаните можат да се потпрат – рече Проднаоски.
Според него, Општината останува партнер за поддршка на пожарникарите преку вложувања во подобри услови, современа опрема и јакнење на капацитетите.
– Во пресрет на летото, апелирам на претпазливо и одговорно однесување за да се спречат пожарите на отворено. Невниманието и несовесното однесување можат да предизвикаат сериозни последици по природата, имотот и човечките животи – рече Проданоски.
Прилеп располага со 51 пожарникар, што е недоволно да ги покрие и двете општина Прилеп и Долнени.
Пожарникарите интервенирале повеќе од 350 пати од почетокот на годинава.
![]()


