Гичева со 7 гола

Бесплатна објава

Ракомет

Пораз на Деспина во Првата женска лига на Македонија од МРК Ѓорче Петров, со 32:22. Најефикасни беа Мери Гичева со 7 и Маја Ристеска со 6 гола. Вреден придонес даде Гичева, највозрасната (41 година).

Следниот предизвик беше синоќа (четврток) дома со Овче Поле СУ од Свети Николе, а в недела, во рамките на 27. коло е дуелот со Стружанка во Струга.

На табелата Деспина се бори за 4. место, под скопските Атлетик и МРК Ѓорче Петров и Овче Поле СУ од Свети Николе.

Во машката Супер лига беше пауза при успехот на македонската репрезентација за пласманот на Светското првенство 2027 во Германија. Деновиве продолжуваат натпреварите во Плејаутот, со 9. коло. Дуелот Прилеп – Пролет Скопје е денеска (петок) од 19.30 часот, во салата од “Ристе Ристески – Ричко”.

Табела: Прилеп 36, Е. Пелистер 2 29, Пролет 25, Куманово 17, Струга 9, Радовиш 0.

Loading