Фудбал: Куп
Финалисти во Купот на Македонија за територијата на ОФС Прилеп се Влазними јуниор (Пресил, Крушевско) и Братство (Житоше, Прилепско). Финалето е е в четврток, 28 мај, во Житоше. Влазними јуниор е екипа член на Третата лига – Југ, Во последното коло освои бод на гостувањето кај Млекар во Мало Коњари, со резултат 1:1, така што го освои 8. место меѓу 14 екипи. Тимот Братство Житоше е нов член на Општинската А-лига на ОФС Прилеп. Го освои првото место во Општинската Б-лига со 14 бода, меѓу 8 тима. Во полуфиналето Братство победи службено со 3:0, бидејќи гостинот, екипата Кадица од Забрчани, не допатувала во Житоше.
Токму Кадица е првакот во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп.
![]()


