Во Куманово изложува нашиот уметник Филип Јовески. Се претставува со дела од проектот “Трансценденција”, трет дел од циклусот “Живи артефакти”. Проектот е логично визуелно и концептуално продолжение на првонаградените мултимедијални дела на изданието Остен Биенале 2024 и на проектот “АРтистика” од 2025 година. Делата се инспирирани од богатото културно наследство и мотивите на народните носии, а ги сублимираат сите претходни истражувачки аспекти, интереси и дисциплини на уметникот во едно.
Јовески е наградуван мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник и магистер по фини уметности, кој инспирацијата за творештвото ја наоѓа во спојот на секојдневното и фантастичното, традиционалното и модерното, уметноста и технологијата, креативната перцепција и научното истражување. Имал уметнички студиски престои во Германија, Русија, Чешка и Англија и самостојни изложби во земјава и во Германија, Грција, Србија и Македонија. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ и ДЛУП.
![]()


