ЕКСКЛУЗИВНОСТ, УНИКАТНОСТ, УДОБНОСТ ЗА СИТЕ

Бесплатна објава

Ново во градот: Моно бутик

По пристапни цени, со богата понуда на свечена и кежуал (секојдневна) гардероба за сите вкусови, Моно бутикот во Прилеп е магнет за потрошувачите во регионов. Со мошне добро избраните модели, го преобразува мислењето дека прилепчани одат во другите градови да купуваат, туку напротив. Сега од други градови доаѓаат во Прилеп заради Моно. На стартот, за добредојде, по прилепски – за аирлија, за запознавање, муштериите ги пречекуваат со привлечни попусти. Купувањето стана задоволство, уживање и трансформација на личноста. Едноставно, во Моно влегуваш и излегуваш препороден, како друг човек, облечен во алишта кои потполно одговараат на личноста и желбата.

– Почнуваме да градиме нова приказна со Моно бутик. Продавницата е специјализирана за свечена, но и кежуал гардероба. Имаме машка, женска и детска гардероба. Предност е богатиот избор на машка гардероба од брендот Моно. Погодивме добар таргет. Потрошувачите на стартот се мошне задоволни и уште се градиме – објаснува Давид Талески, менаџер на Моно бутикот.

И амбиентот е уникатен и посебен. Ентериерот е во стилот на модерен барок на 300 метри квадратни, на два ката.

– Почувствувавме дека на Прилеп му недостасуваше место каде потрошувачите може слободно да разгледуваат, избираат и купуваат. Има доволно простор, да се седне, да се презентираат моделите на муштериите, поразличен концепт од другите продавници. Воедно, чувствуваме дека на градот му недостасуваше стилот урбан фасхион и луџурѕ цасуал. Боите се длабоки, бордо, темно зелена, бела, тегет каде што моделот нема видлив знак, го препознаваме само квалитетот, а името на брендот го имаме само на етикетата. Има и долг и краток ракав, кошули, џемпери и тренерки, кои не се толку во спортска варијанта, туку тренерки за секојдневие – објаснува Талески.

Понудата е во согласност со сезоната. Располагаат и со модели од Турција, а ја следат и потребата и интересот на купувачите. Иако екслузивноста на ентериерот остава впечаток на елитност, цените се пристапни.

– Идејата е секој дојде тука, да го купи она што ќе му се допадне. Нудиме стручна помош при изборот, сугестија, разговор, објаснување за потполно да бидат задоволни од она што ќе го носат на себе – објаснува Талески. 

За стајлингот да се дополни, откако ќе се влезе во Моно, за да се излезе комплетен, располагаат со добар избор на обувки, како и бројни акцесоари (потребни додатоци).

И отворањето беше необично, несекојдневно. Впечатливо, со избор на музика, со виолини и вилончело кое кореспондира со дизајнот и ентериерот на архитектонското решение.

Освен во Англија и Австралија, Моно и кај нас

Прилепчани не мора да одат во Англија или Австралија да купат убаво модно парче од брендот Моно. Моно веќе е и во Прилеп.

– МОНО Премиум е фасхион бренд од Казахстан кој е познат по премиум стреетњеар и модерн цасуал стил. Брендот најчесто нуди: премиум маици
оверсизед, модели
тренерки и хоодиес
модерн цасуал фасхион, минималистички дизајн,
квалитетни материјали и цлеан лоок. Нивниот стил е комбинација од: урбан фасхион
луџурѕ цасуал,
современ минималист стреетњеар. Брендот е популарен кај помлада публика затоа што комбинира: удобност,
модерен крој,
премиум изглед,
едноставни, но впечатливи детали. На некои производи се користи и називот “МОНО ПРЕМИУМ”, особено кај премиум колекциите со поквалитетни материјали и модерн фит модели – вели Талески.

Loading