Во болницата
Болницата се “прости” од аналогните рентген апарати со последната снимка. Инсталиран е нов, современ дигитален рентген апарт за дијагностика, што е последен “здив” на медицинската технологија. Од сопствената сметка на болницата се платени околу 150 илјади евра за таванскиот рентген системи со безжичен пренослив детектор.
Досега ваков апарат имаше во приватните клиники каде пациентите плаќаа како приватна дијагностика.

– Кадровски сме спремни. Ќе биде големо олеснување. Ќе се прават рентген графии, да речеме панорама на цел рбет, цел екстремитет… Ваков апарат функционира само во приватните клиники – рече Кире Јоноски, директорот на болницата.
– Целосно е дигитализиран рентген одделот во болницата во Прилеп. Единствениот апарат надвор од скопските клиники, подразбира помали дози на радијација и зрачење, побрзо и поефикасно добивање на рентген графиите со квалитетна резолуција, далеку над контрастите на старите аналогни графии – вели д-р Оливер Димитриоски.

Со помош на општествено одговорна компанија набавен е првиот видео ЕЕГ кабинет за децата до 14 години со невролошки заболувања.
– Видео ЕЕГ методата е златен стандард во современата детска неврологија. Овозможува едновремено регистрирање на електричната мозочна активност и видео запис од однесувањето или движењето на детето” – вели д-р Габриела Тавчиоска, субспецијалист по педијатриска неврологија.
За 2 години болницата од еден од најголемите должници во јавното зравство стигна сама, од сопствен буџет, да купи неколку значајни и скапи апарати.
– Болницата во Прилеп работи со сопствениот буџет. Секоја болница треба да биде одговорна за работењето и да процени кои се потребите и кои се техничките можности. Ги пофалувам сите и донаторите од локалните фирми – констатира Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство.
Според него, 40 отсто од рентген дијагностиката во болниците во Македонија уште е аналогна. Интенција е замена со нови апарати.
![]()


