Пинг-понг
Плејофот или разигрувањето за шампионската титула почнува в недела во салата од ОУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп на полуфиналниот меч Младост 96 од Прилеп и Шампиони ФА од Штип. Има можност за публика, па затоа домашниот клуб упатува покана до љубителите на овој спорт да присуствуваат и да навиваат за своите. Реваншот е закажан в понеделник во Штип. Поуспешниот тим оди во големото финале, против поуспешниот од второто полуфинале, Крива Паланка – Телеком нец 2 Скопје.
За Младост 96 на последниот меч настапија: Ѓоко Јочкоски, Србинот Ѓорѓе Борчиќ и Андреј Лашкоски.
![]()


