Полициските службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода вчера две лица кои управувале возила без дозвола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 44 годишен жител на селото Желино и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

На ул.„Велко Јанкулоски Стариот“ го лишиле од слобода 40 годишен прилепчанец. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи” со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.
По целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.
![]()


