Свети Наум
Вистински македонски бисер, кој плени не само со својата убавина, туку и духовноста е манастирот Свети Наум. Светилиштето, сместено на бигорната карпа над Охридското езеро, е постојано е посетено од илјадници туристи. Кога и да се појде, секогаш се чувствувм продуховеност, уживање во природата, бидејќи е рај божји.

На паркингот пречекуваат наплатувачи. Се продолжува полека кон манастирот по уредената патека. Кога и да се биде таму , никогаш не го губиш времето. Едноставно просторот зрачи со сите нијанси на природата, од жуборот на изворите на Црниот Дрим…

Предизвик е манастирот, како неисцрпен извор на чудотворност. Тој е место каде се чувствува Божјата благодет и благословот на охридскиот чудотворец Свети Наум. Историјата насекаде се чита. Манастирот се поврзува со името на Наум, Климентовиот соработник. Светиот дом бил посветен на Свети Арахангел Михаил. Бил граден меѓу 900 и 905 година. Подоцна е преименуван, заради култот кон Наум. Постојат документи дека под ова име бил познат уште во 17 век. Манастирот е автентична тиконхална црква, градена врз темелите на стара црква. Од стариот објект биле зачувани само столбовите со глаголско кирилски натписи. Најзаслужен за возобновувањето бил игуменот Стефан од Филополе, кој ја изградил куполата над капелата каде е гробот на Свети Наум. Тогаш е фрескоживописана црквата и гробната капела. Биле изградени и конаците. Во 19 век изгорел поголемиот дел. Со Божја помош подоцна се обновил. По враќањето на манастирот под закрила и грижа на Црквата, односно на Дебарско-кичевската епархија, во 1991 година, со благослов на поранешниот митрополит Тимотеј вратен е монашкиот живот. Одтогаш па досега комплексот се уредува и грижливо се негува достојно да сведочи за величината на Светиот Наум Чудотворец.

Во црквата се престолните и празничните икони, како и иконостасот во резба што се дела на зографот Константин.
Манастирот празнува две слави, едната во јануари, а другата на 3 јули, кога река од народ го посетува да му оддаде почит на светителот.
Откако ќе запали свеќа, може да седне и да се ужива на терасата од манастирскиот ресторан, гледајќи во бескрајното синило на езерото. Се создава пријатно доживување со прошетка во околината со црквички Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.
Можна е пловидба со чамец околу и да се ужива во бескрајното зеленило и чистата вода. Брзо минува времето, оти се отвораат видиците кои пленат. Нема крај на воодушевувањата од природата, оти таа не остава никого рамнодушен.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()


