Прилеп меѓу осумте во Европа

Бесплатна објава

Футсал

Од 10 до 16 мај е Европското првенство во футсал за ученици до 18 години, во Бања Лука. Наш единствен претставник е тимот од македонскиот шампион, СОУ „Ристе Ристески – Ричко”. Одигра 4 меча – три во групата и еден четвртфинален. Првин одигра 4:4 со ривалот од Словачка, потоа со 10:1 ја совлада Унгарија, Во третото коло изваде 5:5 со фаворитот од Белгија, па се обезбеди второто место во групата и четвртфиналето. Таму беше единствениот, но висок пораз, 1:10, од вториот ривал до Унгарија. Така Прилеп, составен од ученици меѓу 16 и 18 години, имаше борба за пласман од 5 до 8 место.

 Единствен македонски судија беше прилепчанецот Димитар Здравески.

Loading