Последни мечеви дома

Бесплатна објава

Фудбал: Втора лига

Ослабениот состав на Победа (поради настап на првотимци на Европското во футсал) не а даде посилен отпор во Гевгелија, на Кожуф, во 28. коло од Втората лига. Домаќинот победи со 8:0, што е реален резултат. Следниот дуел Победа го има дома, со Вардар од Неготино, в сабота од 16.30 часот. За прилепскиот состав, ова е последниот меч дома сезонава.

Екипата Големо Коњари загуби 3:0 на гости од Охрид, Следниот натпревар (и за Г. Коњари последен дома) го има со Скопје, в сабота од 16.30 часот.

Табела: Брегалница Ш. И Скопје 65, 64, Шкендија А. 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Новаци 50, Детонит 49, Кожуф 42, Тетекс и Саса 33, Вардар Н. 19, Преспа 15, Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.

Loading