Слатки, сочни и мирисни, јагодите се едно од најомилените сезонски овошја. Сојузник се на здравјето. Освежуваат со богатството на хранливи материи кои имаат значајна улога во одржување на општото здравје.
Покрај бројните предимства, консумацијата треба да биде внимателна. Според нутриционистите, јагодите се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси, но и најздравите, треба да се консумира балансирано.
Јагодите се нискокалорични, богати со витамини и минерали. Околу 150 грама ги обезбедуваат дневните потреби од витамин Ц. Содржат растителни влакна за подобро варење, калиум за регулација на крвниот притисок, фолати и антиоксиданси за заштита на клетките. Комбинацијата е одличен избор за секојдневна здрава храна.
Јагодите се поддршка за варењето и имунитетот. Влакната и пектинот го поттикнуваат функционирањето на дигестивниот систем, оти ги “хранат” добрите бактерии во цревата, што е клучно за силен имунитет. Редовното внесување овошје како јагодите има поширок позитивен ефект. Придобивки има и за срцето и ги намалува ризиците од воспаленија. Антиоксидансите гонамалуват “лошиот” холестерол и ги штитат крвните садови и го ублажуваат оксидативниот стрес,
Нужна е внимателност. Претпазливост се препорачува за луѓе со алергии, оти може да предизвикаат алергиска реакција. Симптомите може да бидат чешање, црвенило или оток. Поголеми количини можат да предизвикаат надуеност или непријатност.
Препорачливо е да се јадат умерено, околу 150 грама дневно. Тоа е доволно да се искористат придобивките без ризик од несакани последици. Најдобар ефект се постигнува кога се комбинираат со други овошја.
![]()


