Пензионерите се дружеа и чистеа на излет

Бесплатна објава

На посебен начин пензионерите го одбележаа 9-ти Мај, Денот на победата. Повеќе од 500 членови и седумдесетина гости на здружението заедно со колегите од здружението на инвалидските пензионери од Прилеп и од Скопје уживаа во природата кај манастирот Св. Илија во месноста Писокал, Мариово. Не само што се воодушевуваа, туку дадоа придонес за зачувување на животната средина, користејќи го времето не само за дружење во заедничко оро, туку и за чистење на манастирскиот двор. Нонедопрената природа, за жал, наместо блеењето на јагнињата, мукањето на кравите, џагор на децата од 16 некогашни села од прилепскиот дел на Мариово, сега се слуша само “говорот на тишината”.

Претседателот Славко Трајкоски рече дека годинешниов традиционален пролетен пикник е темпиравме  на значајниот датум 9-ти Мај.

– Покрај дружењето, го исчистивме дворот на дарот на природата. Секоја година одржуваме по два пикника со повеќе стотини пензионери. Годинава покрај инвалидските пензионери, се придружија и гостите од  Кисела Вода” од Скопје. Убаво е да имаме насмеани лица, да падне некое оро и да запееме некоја песна. Треба да им служиме за пример на помладите генерации – рече Трајкоски.

Спогодба за соработка потпишаа  претседателите на ЗИП Прилеп, Кирил Ристески и Миле Коловски, претседател на ЗИП Кисела Вода од Скопје.

Следниот пикник со околу илјада пензионери ќе биде на денот на пензионерите, 20 септември во дворот на манастирот во селот Пашино Рувци.          

Loading