Ракомет и фудбал
Прилепчаните се интересираат за сите спортови, па секојдневно можат да се случнат дискусии, прашања, особено за ракометот и фудбалот. Најново, во центарот на вниманието се најдобрите екипи и најкористените објекти.
Екипно, вниманието го привлекуваат машката ракометна Прилеп и женската ракометна Деспина. И за Прилеп и за Деспина се прашува кога ќе добијат поголема сала од училишната на СОУ “Ристо Ристески – Ричко”, каде сега се играат натпреварите. Желбата е да се собере повеќе публика, барем во една од поголемите сали, Универзалната или салата Македонија. Нема конкретен одговор. Ќе продолжи чекањето на позитивни вести. За Победа, прашањата се дали сегашниов клуб, со долгови, ќе биде задржан или пак ќе биде формиран нов, без долгови. На Градскиот стадион “Гоце Делчев” не се одиграа бараж-мечеви, туку на вештачката трева. Така стои прашањето когаќе биде оспособен теренот за игра.
Додека се очекува поширок простор за спорт се полнат малите трибини на училиштата и на теренот со вештачка трева.
![]()


