Концерт на Битолски оркестар Дива

Бесплатна објава

ЦК “Марко Цепенков” подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА. На 21 мај  ќе  можат да се проследат најдобрите музички поп и рок хитови МТВ хитс во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Се очекува вечер полна со емоции, ритам и чиста музичка магија од најдобрите музички времиња!

Влезниците од по 500 денари ги има во билетарницата од ЦК секој работен ден од 11 – 13 часот и од 18 – 20 часот и во сабота од 11 – 14 часот.

Loading