Ракомет: Супер лига и Прва лига
Машката екипа Прилеп забележа победа со Струга, 34:24 во Плејаутот од Супер лигата на Македонија, во 8. коло. Најдобри стрелци: Томислав Квастек со 6, Ангел Крст Димитар Димитриоски со 4 гола. Викендов има пауза поради настапот на репрезентацијата на Македонија со Словачка в недела од 19 часот во Скопје, во баражот за Светско првенство. Следниот дуел Прилеп го има на 23 мај, дома, со скопски Пролет.
Табела: Прилеп 36, Е. Пелистер 2 29, Пролет 25, Куманово 17, Струга 9, Радовиш 0.
Победа постигна Деспина од Прилеп, во 24. коло од Првата женска лига на Македонија. Дома ја совлада Јехона од Гостивар со 34:14. Најефикасни: Весна Христоска, матеа Христоска и Анастасија Јованоска со по 5 гола. Следниот меч е в сабота, со МРК Ѓорче Петров во Скопје.
Табела: Атлетик 38, МРК Ѓорче Петров и Овче Поле СУ 28, Деспина 22, Стружанка 18, Јехона 7, Шампион 1.
![]()


