Десет врвни компании во Прилеп

Бесплатна објава

Според порталот Фактор, на првото место според профитот лани, по традиција, е Мермерниот комбинат со 12,59 милиони евра. Зад него е Тутунскиот комбинат со 6,34 милиони евра. На третата позиција меѓу најуспешните фирми е Прилепската пиварница со 2,49 милиони евра. Профитот во Гентерм е 2,27 милиони евра, што го позиционира на четвртото место. Компанијата Леонидсат, поврзувана со малцинско сопствеништво, во Тотал ТВ е петта со 1,69 милиони евра. Точно 1,16 милион евра е профитот на Крин КГ за шестото место. Грчката фирма за откуп на тутун, Секе, е седма со добивка од 1,13 милиони евра. Германски ВИК е осми со 1,02 милиони евра, а деветото го зазема Кривогаштани промет со 976 илјади евра. Финансиското друштво Цемак – Кредити е меѓу десетте топ фирми од Прилеп со добивка од 888 илјади евра.

Loading