Викендов ќе биде во знакот на манифестацијата “Денови на Крали Марко”. Културниот настан го организира локалната самоуправа во чест на годишнината од загинувањето на легендарниот крал.
– Средновековниот владетел, познат по бројни подвизи, е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и на Балканот – велат од Општината.
Одбележувањето почнува денес во Заводот и музеј со интерактивната работилница и изложба “Балканскиот јунак Крали Марко” Во црквата Св. Никола во Варош, ученици ќе имаат настан, крстен како “Крали Марко низ детските очи”. Вечерва во црквата Св. Никола ќе се одржи Фестивал на планински филм, како дел од фестивалот “Ехо патува”.
В недела на финишот од манифестацијата е настапот на групата Мизар на амфитеатарот во Варош.
![]()


