Несондирана и можеби непрониклива мистерија на кутии
Да, сосема така, на кутии! Гледајте, мистерии се прават со било што, дури и со најнеочекувани нешта. Ние пливаме, се загавивме, дури и некогаш се давиме во некои мистерии без никогаш да ги осознаеме нивната ширина, должина, особено длабочина. Како што се вели, фантазијата е надмината од реалноста. Ние се нафаќаме и покажуваме преку редовите што следува… Една вечер во мај, Патрик Моров, следејќи ги верно сноповите од фаровите на автомобилот, виде. О, не беше многу голема. Ниту малечка всушност. Една, обична мукавена кутија со димензиите на оние што можат да содржат на пример 6 шишиња од 7 децилитри со вино. Кутија изгледаше полна и неотворена. Што ли можеше да има во неа? Прашањево стигна до неговата свест со извесно задоцнување, тогаш кога, возејќи со 60 километри на саат, ја имаше веќе надминато кутијата. Да, запре, се врати назад со колата и појде да ја види одблиску кутијата и содржината? Не. Зошто да си го комплицира животот и возењето за мало нешто.
Толку малку е лесно да се рече. Кој може да тврди дека кутија не содржи, на пример, пари? Извесен број од дебели снопови банкноти што би биле добредојдени кога нема ниту еден ни во џебот, ни дома, ни било каде на друго место и што беше, токму во случајот на Моров. Кутија е загубена, истркалана од некој автомобил на патот.
Како беше убаво наместена, како нарочно да се види, да го привлече вниманието! На крајот почна да си забележувам оти не запре. Чувството не беше доволно силно да се врати назад. Дтолку повеќе што сопругата го чекаше дома. Задоцнувањето би и претставувало ризик за извесна грижа на госпоѓата Морова. Оти, зар не, умноограничени луѓе со понекоја и друга чаша вино во шкембето не недостасуваат, да предизвикаат сообраќајна несреќа на некој чесен возач кој времето го минува опивајќи се со кисела вода, или со ладно млеко без шеќер во амбалажата грижливо заглавена меѓу шишето со вода и она со сок за зачинвање салата, во предвидениот простор на вратата од фрижидерот.
Кога се врати дома, Моров не зборна ништо за кутијата. Меѓу два залаци леб, помечтаи со жена си за хипотетичното време кога ќе располагаат со доволно банкноти да го осредат двесобното седело, да го бојоса станот, бањата да се уреди добро, визбата да се светне, да се исчисти, да се направи да биде сува, хигиенска, податна да ги прими различните предмети што не знаеа каде да ги складираат. Накусо, да ги припремат двете собички да ги дочекаат во добри услови идните стари години на пензионери, доколку Бог го даде тоа, дозволувајќи им да имаат добро здравје и долг живот.
Арно. Откога ги изми забите, Патрик мина со прстите низ косата што почнуваше да белее, поточно што беше повеќе бела отколку со темнобојна. Помисли уште еднаш на кутијата на патот. Ја бакна жена си и си легна.
Следниот ден, сабајлето, напуштајќи го со колата паркирното место во подземната гаража на станбената зграда, забележа пред колата паркирана до нивната, присутноста на една кутија, слична на видената на улицата минатиот ден. И рече на жена си:
– Сношти, кога се враќав, видов в град падната на патот една кутија, иста како онаа таму.
– Добро, едноставно му одговори.
– Се прашав да не содржи некаква вредност, можеби пари. Ми се присакува да да фрлам едно око одпоблиску на кутијана…
– Подобро да се воздржиш, му посоветува сопругата и додаде со своите вообичаени претпазливост и мудрост:
– Со сите оние експлозиви, атентати што се случуваат, оправдано е да се постави прашањето дали наместо пари, една кутија вака на очиглед да не крие некаква пеколна машина што би пукнала пред носот. Освен тоа, брзаме и ќе задоцнам на мојата работа. И измрмори уште нешто во врска со “оние лудаци кои шетаат на слобода и се забавуваат со потклавање на бомби, за да направат пакост на блискиот”.
(продолжува)
![]()


