Пред осумдесетина години, немало многу забава за обичниот народ. Без телевизија, со по некое радио кај чорбаџиите и на прсти се броеле сопствениците на грамофони со инка и со навивање, побогатите ќе пуштеле некоја мелодија, а под пенџере се збирал народ да чуе нешто. Единствено, а и најинтересно било кога од Србија, ќе дојдел човек со мечка која играла на ритамот на дајрето. На ѕверот ич не му било до игра, и не го ни слушал дајрето или тапанот. Имал мака од чингелот, закачен на носот поврзан со голем железен синџир што ја држел мечкарот. Тој со едната рака тропал, а со другата ја влечел мечката за носот, која од болка застанувала на две нозе и подрипнувала. Тоа на народот му изгледало интересно.
Сепак германските војници не се забавувале со балканскиот простотилук. Тие виделе мечка во зоолошка или во циркус. Мачењето на кутрото животно не го сметале за човечко. Деценија по ослободувањето замрела оваа забава на народот.
![]()


