Шведскиот амбасадот кај фабриката за селкција на отпад

Бесплатна објава

Градоначалникот Дејан Проданоски беше домаќин на шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром, со и преставници од шведската асоцијација на општините и регионите кои ги поддржуваат општините во Пелагонискиот и Југозападниот регион во управувањето со отпадот. Тие ја разгледаа фабриката за селекција на отпад на Комуналец кај селото Алинци, која е дел од проектот Одржливо управување со општински отпад во Македонија, финансиран од Шведска.

Се очекува фабриката да се стави во функција до крајот на годинава. Ќе биде прва од ваков тип во земјава. Располага со модерна технолошка линија за селекција со капацитет да преработува до 10 тони отпад на час.

– Прилепчани го очекуваат стартот на фабриката која треба да донесе нови вработувања и поквалитетна животна средина. Сметам дека ден поскоро ќе ја пуштиме во употреба, со што ќе се добие значително поквалитететна животна средина. Фабриката може да се користи и за комерцијални намени, односно да врши селекција за соседните општини. Капацитетите ги надминуваат дневните потреби за селекција на отпад на Прилеп. Ние сме водечка сили во земјата во проектот. Продолжуваме  во унапредување на системот за управување со отпад и пренесување на добрите практики низ целата држава. Паралелно, интензивно се работи на реализација на регионалната депонија во Новаци, во чии рамки е предвидена и изградба на претоварна станица во близина на фабриката за селекција. Таа ќе овозможи отпадот од повеќе општини ефикасно да се транспортира до регионалната депонија – рече Проданоски.

Воодушевен, амбасадорот на Шведска во Република Македонија рече дека Прилеп и Пелагонија се водечки сили во земјата за управувањето со отпадот и се дел од овој проект.

– Ги поддржуваме општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион во процесот на подобрување на управувањето со отпадот на локално ниво. Се нуди помош за апликација пред ЕУ фондови, вклучување во регионалниот систем за управување со отпад, пренесувања на знаења и искуства во депонирање на отпад со здружување во региони. Продолжуваме да делуваме заедно за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот. Во Прилеп сакаме да го поделиме нашето искуство за важноста на управувањето со отпадот со можност тие практики да се применуваат во регионот и во Македонија. Остануваме силен партнер заедно со градоначалниците од регионот преку организацијата САЛАР за делување и заштита на животната средина. Имате голем напредок – рече шведскиот амбасадор Сулстром.

Со фабриката за селекција со која ќе управува Комуналец, Прилеп и регионот добиваат современа инфраструктура за ефикасно раздвојување на отпадот, пластика, хартија, најлон, метал и други рециклирачки материјали. Тоа значи помалку отпад на депониите и повеќе можности за рециклирање.

Објектот се протега на 1300 м2 затворен дел, каде е линијата за селекција на отпад, и 5980 м2 надворешен простор за прием на отпад, манипулација на транспортни возила и складирање на селектираните материјали.

Loading