Промоција на две книги од Марија Ѓорѓиоска

Бесплатна објава

Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков” попладнево од 17 часот ќе се одржи промоција на две  книги од писателката Марија Ѓорѓиоска. Пред љубителите на пишаниот збор ќе бидат претставени збирките „Сцени од животот” и „Изблици”.

Настанот ќе биде збогатен со настапот на пејачката група „ Преродба” и изведбата на хумореската „ Недорзабирање”. Воедно, ќе биде поставена и изложба од 20 слики – масло на картон, на кои работела авторката во последниот период.

Речиси во сите нејзини творби таа пишува за љубовта, за животот и елоквентно и едноставно ја “слева” душата преку стиховите и го пренесува секојдневието од животот.

Во „Сцени од животот”  пренесува моменти  од мене, од тебе, од оние, додека во „Изблици” освен стихови, ја пренесува и проширената хумореска „Вдовиците од мртовечко сокаче”.

Марија Ѓорѓиоска, е автор на 15 дела, од кои осум романи и повеќе стихозбирки. Освен што пишува Ѓорѓиоска и  слика. За целокупното творештво во 2014 година ја доби третоноемвриската награда.

Loading