Ракомет: Мажи
Ако се бара најсилен прилепски спортски клуб, организациски, финансиски, стручно и играчки, кандидат секако е машкиот суперлигаш РК Прилеп. Тој од силен станува уште посилен. Се засили на пикерската позиција со 28-годишниот Петар Маркоски, стружанец од битолски Еурофарм Пелистер 2. Потпишан е двогодишен договор.
Инаку, екипата Прилеп продолжи со успешните настапи во Плејаутот од Супер лигата. На последниот меч од 7. коло во Куманово, домашниот тим беше совладан со 25:28. Во гостинскиот тим на тренерот Наум Танески, најефикасни беа Димитар Димитриоски со 7, Владан Кастратовиќ со 5, Денис Шабановиќ и Никола Цветаноски со по 4 гола. Следи меч викендов дома (сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”) со Струга.
Табела: Прилеп 34, Еурофарм Пелистер 2 27, Пролет 23, Куманово 17, Струга 9, Радовиш 0.
![]()


