Фудбал: Трета лига
На ред е 25. коло од од Третата лига – Југ. Мечевите се в недела од 17 часот. На теренот со вештачка трева е дуелот Ултрас Прилеп – Питу Гули Крушево, четвртиот и петтиот на табелата со 1 бод разлика. Претходно Ултрас со 2:0 загуби од Превалец во Велес, а Питу Гули дома со 3:2 го совлада Венец од Долни Дисан.
Екипата Млекар, по високиот триумф во Мало Коњари со 7:0 врз Росоман. Сега е слободна, а Младост, откако во Кривогаштани со 3:0 ја совлада Тополка, в недела е гостин на Борец во Велес.
Табела: Борец 58, Превалец 52, Венец 46, Ултрас 36, Питу Гули 35, Башкими 31, Росоман 27, Млекар 24, Влазними ј. 23, Младост 21, Бучин 18, Тополка 17, Дреново 1.
![]()


