На улицата „Кузман Јосифоски”
Се реконструира водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски”. Проектот е поддржан од Министерството за животна средина. Чини околу 6 милиони денари.
– Според динамиката на работа и разговорите со изведувачот, се очекува градежните активности да завршат за околу 60 работни денови. Реконструкцијата опфаќа делница од јазолот на бул. „Гоце Делчев” со ул. „Кузман Јосифоски”, до јазолот на ул. „Кузман Јосифоски” со ул. „Ленин”. Со зафатот решаваме долгогодишен проблем на граѓаните, бидејќи постојната линија минуваше низ приватни имоти, што создаваше сериозни тешкотии за интервенции и редовно одржување. Станува збор за главен транспортен цевковод кој носи вода од резервоарот во Варош, што ја прави оваа инвестиција особено значајна за стабилното и непречено водоснабдување – вели градоначалникот Дејан Проданоски.

Старите и дотраени азбестно-цементни и метални цевки се заменуваат со нови, современи полиетиленски цевки, со што значително се подобрува квалитетот, сигурноста и долговечноста на водоводната мрежа.
– Ќе се изведат околу 300 метри главна водоводна линија со и дополнителни 140 метри секундарна мрежа, на која ќе бидат поврзани и куќните приклучоци на жителите – изјави Ѓоко Јочкоски, директор на Водовод и канализација.
Локалната самоуправа останува посветена на решавање на инфраструктурните проблеми и создавање поквалитетни и побезбедни услови за живот за граѓани.
![]()


