Сопствениците на стари, хаварисани, оштетени и напуштени возила, паркирани на различни места во градот во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад се должни да ги отстранат од природата и јавните површини. Локалната самоуправа повикува во рок од 15 дена доброволно да се отстранат од површините. Доколку не бидат отстранети, општината Прилеп ќе постапи според Законот. Се апелира до жителите да ги отстранат возилата за да се обезбеди безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и зачувување на јавниот ред и уреденоста на јавните површини.
![]()


