Фудбал: Втора лига
Секој меч од Втората лига е интересен. В недела од 16 часот, во 28. коло, во Гевгелија се игра мечот Кожуф – Победа. Куриозитет е што дкај доашинот има прилепчани, поранешни членови на Победа. Тоа се Антонио Шемкоски, Бојан Ивчески, Филип Тодороски, Давор Богевски, Лука Трајкоски и Лука Варошаноски. Гевгелискиот тим собира бодови за пласман во средината од табелата, за место во баражот за опстанок, а прилепскиот тим има задача да даде што посилен отпор, а претходно дома загуби со 0:3 од Тетекс.
Во истиот термин Големо Коњари му гостува на Охрид, по поразот дома со 0:1 од Преспа.
Табела: Брегалница Ш. 64, Шкендија А. и Скопје 62, Охрид 59, Беласица 52, Осогово 50, Новаци 47, Детонит 46, Кожуф 39, Тетекс 36, Саса 33, Вардар Н. 19, Преспа 15, Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.
![]()


